Бугарите “плачат“: Шпанците не нѐ сметаат за живи!

2.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарите “плачат“: Шпанците не нѐ сметаат за живи!
ФОТО: SEFutbol/X

Така е кога си една од најслабите селекции во Европа. Никој нема да те „ферма“ што се вели. Се разбира дека тука мислиме на бугарската фудбалска селекција која во претстојниот квалификациски циклус за СП 2026, треба да игра дома со Шпанија.

И сега зошто “плачат“ Бугарите…и коментираат:

Шпанците не нѐ сметаат за живи!

Па на собирот на еврпскиот првак на прашања на новинарите одговорале Карвахал и Педри.

И замислете, од толку новинари на пресот ниту еден не поставил прашање за противникот, за Бугарија.

Карвахал и Педри добиле десетина прашања, ама ниту едно за Бугарија.

Тоа е тоа. Зарем Шпанците ќе се „замараат“ со таму некои Бугари?


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата