Манчестер Сити понуди 80 милиони евра за Рејндерс

27. 05. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Манчестер Сити понуди 80 милиони евра за Рејндерс

Манчестер Сити е подготвен да понуди 80 милиони евра за најдобриот фудбалер на Милан оваа сезона, Холанѓанецот Рејндерс.

Според „Газета дело Спорт“, раководството на Милан не сака слушне за трансфер на играчот и најави дека ќе ги одбие сите понуди.

26-годишниот играч од средниот ред на репрезентацијата на Холандија постигна 10 гола и имаше 4 асистенции во 37 натпревари за Милан во италијанското првенство минатата сезона. Засега не се знае ставот на Рејндерс околу можното напуштање на „Сан Сиро“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата