Магија на Соболслај за победа на Ливерпул во дербито на сезоната (ВИДЕО)

31.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Магија на Соболслај за победа на Ливерпул во дербито на сезоната (ВИДЕО)
фото: Liverpool FC (X)

Шампионот Ливерпул го доби големото сезонско дерби со Арсенал на „енфилд“ со 1:0 и се проби на чело на табелата со третата последователна победа. Мајсторијата на Доминик Собослај од слободен удар му донесе голема победа на тимот на Арне Слот во дуел со главниот противкандидат за шампионскиот трофеј оваа сезона.

Мечот помина во жестока битка во сите 90 минути. И двата тима се вложија до максимум, а неколкумина и настрадаа од повреди по жестоките дуели. Арсенал беше подобар тим во првите 45 минути, но Ливерпул доминираше во вториот дел, кога и ја искористи шансата во 83. Минута, па со феноменалниот погодок на Собослај дојде до предност за голема победа.

Пред септемвриската репрезентативна пауза Ливерпул стана единствениот тим со максимален учинок, додека Челзи остана без трета победа и сега заостанува два бода зад лидерот.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата