Луис Дијаз веќе имал договор со Баерн, Барса повторно извиси

7.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Луис Дијаз веќе имал договор со Баерн, Барса повторно извиси
Фото: Ливерпул Х

Напаѓачот на Ливерпул, Луис Дијаз, постигна договор со Баерн Минхен за лични услови, објави ексклузивно „Билд“. Сега останува да се види дали неговиот клуб ќе се договори со Германците за трансферната цена.

Пред неколку дена, „Скај Спортс“ објави дека Баварците контактирале со раководството на англискиот шампион, но добиле одговор дека офанзивниот играч не е на продажба.

Барселона е другиот сериозен кандидат за Дијаз, особено по неуспехот со Нико Вилијамс.

Луис Дијаз е во деликатна ситуација, откако неодамна сврти многу навивачи на Ливерпул против него. Додека повеќето од неговите соиграчи присуствуваа на погребот на Диого Жота, тој беше фотографиран на забава во неговата татковина.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата