Лудница на “Виа дел Маре“: Милан губеше со 2:0 кај Лече, на крајот успеа да победи!

8.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лудница на “Виа дел Маре“: Милан губеше со 2:0 кај Лече, на крајот успеа да победи!

Каков меч на “Виа дел Маре“ меѓу Лече и Милан, во рамките на 28.коло во Серија А? На крајот беше 2:3 за гостите од Милано, но тимот на Серџио Консисао и тоа како се “тресеше“ ако се знае дека до 68.минута губеше со 2:0. Тоа ќе беше четврти пораз во низа за Милан, нешто што никогаш досега се нема случено.

Но да тргнеме со ред. Во 1.минута Милан поведе но ВАР го поништи тој гол. Во 7.минута Крстович стреклше за водство на Лече. Во 15.минута Милан постигна уште еден гол, но и овојпат истиот беше поништен.

Во 59.минута Лече поведе на 2:0 со вториот гол на Крстовиќ.

И тогаш Милан тргна на се или ништо и добие се, што се вели. Во 68.минута Гало си даде автогол за 2:1, па следуваа двата гола на Пулишиќ од кој еден од пенал, за 2:3 и за победа со која се прекинува црната серија.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата