Денеска се играат првите четвртфинални реванши во Лигата на Шампионите. Секако дека во преден план ќе бидат настаните на „Енфилд“ каде Ливерпул со почетна предност од 1:0 ќе го дочека ПСЖ. Секој ќе рече незаслужена, ако се знае што се се случуваше во Париз минатата недела, но фудбалот се игра за голови а не за посед и шанси. „Светците“ и тоа како немаат намера да се предадат, а и “Редси“ сигурно е дека пред своите фанови нема да играат само да го чуваат голот. Тука може да има и голеада, а во секој случај тоа ќе биде спектакл.
Познато е дека победникот од овој двомеч во 1/4 финалето ќе игра најеројатно со Астон Вила.
Во терминот од 18:45 часот, Барселона ја дочекува Бенфика. И каталонците овој меч ќе го почнат со предност од 1:0. Објективно и реално Барса не смее да си дозволи било каков кикс на “Монжуик“.
Интер со една нога е веќе во следната фаза. Има 2:0 од првиот меч кај Феенорд и само чудо може да случи за да составот на Симоне Инзаги вечерва на “Меаца“ не ја искористат ова шанса за ставање печат на пласманот во 1/4 финалето.
Реваншот од геранското дерби сега се игра во Леверкузен, но Баерн Минхен допатува со 3:0 предност. Ако се знае дека Флоријан Вирц нема да игра за “фармацевтите“, тогаш јасно е дека “баварците“ се пред пласман во следната фаза.