Ливерпул се спрема за потег кој што ќе ги шокира своите фанови!

3.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ливерпул се спрема за потег кој што ќе ги шокира своите фанови!

Ливерпул наголемо тргна во преодниот рок, овој јунскиот, а потоа секако дека ќе следува и летниот преоден рок. Шампионот во Премиерлигата веќе го промовираше Џереми Фримпонг, прашање на часови е кога тоа истото ќе се случи и со Флоријан Вирц. При крај е трансферот и со Милош Керкез, а се водат преговори и со Екитике.

Ова е убаво за фановите на „Редси“ кои сметаат дека во следната сезона составот на Арне Слот ќе биде уште поквалитетен.

Од друга страна Ливерпул се спрема за потег кој што ќе ги шокира своите фанови и има намера да направи нешто што никогаш го нема направено историјата на Премиерлигата, од 1992 година па наваму.

А тоа е да му продаде играч на својот градски ривал Евертон. Станува збор за Бен Доака, кој досега беше на позајмица во Мидлсборо, а вчера во медиумите се појавија шпекулации дека Евертон и тоа како е заинтересиран за него.

Станува збор за одличен млад 19-годишен фудбалер кој и тоа како добро би му дошол на градскиот ривал.

Последен играч на Ливерпул кој направил трансфер во Евертон е Гери Аблет во таа 1992 година кој мина во редовите на “карамелите“ за еден милион фунти.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата