Кристијано Роналдо со три збора ги „запали“ Португалците!

5.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кристијано Роналдо со три збора ги „запали“ Португалците!
Фото: Кристијано Роналдо X

Португалија ја победи Германија со 2:1 во првото полуфинале од Лигата на нации, а човекот на одлука беше искусниот Кристијано Роналдо.

Германците поведоа преку Вирц во 48-та минута, но Консеисао израмни во 63-та минута, а само пет минути подоцна, преку Роналдо, се случи пресврт и конечно голема победа.

Кратко по последниот свиреж на натпреварот на „Алијанц Арена“, португалската суперѕвезда испрати кратка порака на социјалните мрежи, составена од само три збора.

„EM FRENTE, PORTUGAL!!“ , напиша CR7, преведено како „Напред, Португалија“, израз што често се користи во спортските натпревари.

По овој успех Роналдо стигна до 137 постигнати голови на 220 настапи.

Во финалето на Лигата на нации, Португалија ќе се соочи со победникот од натпреварот помеѓу Шпанија и Франција, кој е закажан за вечерва.

Португалците го освоија трофејот во 2019 година, откако ја победија Холандија со 1:0 во финалето.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата