Конте си кажа: 15 милиони евра годишно, плус 5 милиони за титула!

31.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Конте си кажа: 15 милиони евра годишно, плус 5 милиони за титула!
Фото: Наполи Х

Антонио Конте е желбата на турскиот Фенербахче, двајца кандидати за претседател на клубот го имаат како адут во битката за превласт.
Дали се реални шансите да го видиме Италијанецот во Турција?
Јасно е дека тој го напушта Наполи, по две години поминати во клубот каде што успеа да го освои Скудетото, а неговиот план беше да земе една година одмор од работа доколку не ја прифати понудата од Италијанската фудбалска асоцијација.
Сепак, тешко е да се одолее на турските пари, а судејќи според медиумите во Турција, Конте би можел да седне на клупата на Фенербахче, но само ако се исполнат неговите услови.
Условот – вистинска ситница, 15 милиони евра годишно, плус 5 милиони евра за бонуси.
Се чека одговор од Фенер.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата