Консеисао: Го носам фудбалот дома, па и мојата сопруга ќе биде задоволна од овој резултат

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Консеисао:  Го носам фудбалот дома, па и мојата сопруга ќе биде задоволна од овој резултат

Синоќа екипата на Милан, одработе фантастичен меч во рамките од Купот на Италија против градскиот ривал Интер триумфирајќи со 3:0. Првиот меч од полуфиналето заврши со 1:1, а синоќа Милан покажа класа повеќе и заслужено оди во финалњето.

Тренерот Консеисао нормално презадоволен од она што го виде на терен даде интересна изјава коментирајќи го мечот.

“Малку се мачевме во првите неколку минути, но на крајот постигнавме гол. Подобривме некои работи на полувремето, а потоа имавме навистина високо ниво во вториот дел. Тимот има квалитет, но и понизност и желба за победа на секој натпревар”, изјави Консеисао па додаде.

“Јовиќ работи навистина добро во последните три-четири недели, исто така ослабе. Ни носи нешто што го посакувавме за овој натпревар. Тој не е инфериорен во однос на централните дефанзивци, сакавме да го имаме тоа”, објасни Консеиао па поентираше.

“Јас сум љубител на овој спорт. Страдам повеќе од другите. Дури и го носам фудбалот дома, па и мојата сопруга ќе биде задоволна од овој резултат. Нозете ни се на земја, сè уште ништо не сме освоиле. Треба да играме финале и да направиме разлика на крајот од првенството за да помогнеме во нашиот имиџ. Имаме повеќе квалитет од она што го покажавме”, додаде Консеиао.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата