“Атлетик“: Винисиус е далеку од договор со Реал, бара да има најголема плата во историјата на клубот!

24.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
“Атлетик“: Винисиус е далеку од договор со Реал, бара да има најголема плата во историјата на клубот!

Иако вчера и завчера сите релевантни медиуми во Шпанија, па и “Марка“, пренесоа дека има договор меѓу Реал Мадрид и Винисиус и дека тој останува на „Сантијаго Бернабеу“ до 2030, сепак британскиот портал „Атлетик“ кој е еден од водечките во светот на фудбалот, вели дека не е така.

Уште повеќе, се тврди дека сета работа е далеку од договор. Проблемот е во тоа што за продолжување на договорот Бразилецот од Реал бара да ја има нагјголемата плата во историјата на клубот, а тоа некаде околу 35 милиони евра.

Секако дека ова Флорентино Перез нема да се согласи, во никој случај.

Дали со ова почнува нова “сапуница“ во која сега во главна улога е Винисиус.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата