Некогаш големиот талент на српскиот фудбал, Немања Радоњиќ според медиумите побарал да си замине од Црвена Звезда на лето. Напаѓачот кој пристигна како големо засилување, многу веројатно година дена пред истекот на договорот ќе го напушти својот матичен клуб и ќе си замине на некое друго место.
Радоњиќ има во моментов 29. години и важеше своевремено за мега талент. Замина во Академија Хаџи, па во Рома, за да се врати потоа во Звезда. Играше и за Олимпик Марсеј, Херта, Бенфика, направи сериозна кариера но никогаш не ги исполни својот потенцијал до крај. Конфликтите со тренерите, како и очигледно проблемот во неговото однесување не му дадоа премногу простор, па според многумина и ова е многу што го постигна.
Кај тренерот Милојевиќ немаше статус на константен стартер, но и вака сезонава постигна осум гола и пет асистенции.
За Србија одигра 44 меча и постигна пет гола.