Портпаролот на фудбалскиот тренер на Милан, Серхио Консеисао поднесе оставка од функцијата, откако се појавија информации дека токму од него протекувале информации од соблекувалната на „росонерите“. Франциско Емпис, човекот кој беше „десна рака“ на португалскиот стратег при подготвувањето јавни настапи, повеќе нема да ја извршува таа функција.
Емпис нагласи дека на Консеисао не му се допаѓа структурата на Милан, која не била на највисок можен стандард, а недостатокот на атлетизам во тимот под водство на претходниот тренер Пауло Фонсека и недостатокот на посветеност на некои играчи се причина за лошите резултати на „росонерите“.
„Информациите кои беа објавени содржат неколку грешки и неточности, а се однесуваат на односот меѓу играчите, техничката служба и раководството на Милан. Тие не се однесуваат на вистината и фактите, туку само на шпекулации“, велат од клупскиот „пи-ар“ во заминување.
Сето ова само се надоврзува на хаотичните случувања во Милан, почнувајќи од незадоволството од резултатите, до перформансите на поединци и нивните односи со клубот и раководството.