Халанд: Нема да сфатам што сум постигнал до крајот на кариерата

13.09.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Халанд: Нема да сфатам што сум постигнал до крајот на кариерата

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, изјави дека мислел дека ќе му биде потешко да се пробие во Премиер-лигата, но бил уверен дека ќе успее.

„Со оглед на луѓето околу мене, некако знаев дека ќе успеам. Можеби сум малку арогантен, но знаев дека можам да дојдам и да се докажам во ваков тим и со ваков тренер. Бев уверен дека сè ќе се среди.

Секако, не очекував да ја освојам тројната круна во мојата прва сезона“, нагласи Норвежанецот.

Времето лета многу брзо и тешко е да се запре и да се размислува за сè. Мислам дека дури по завршувањето на кариерата ќе сфатам што сум направил и што сум постигнал“, додаде Халанд.

Норвешкиот интернационалец постигна гол во својот 100-ти натпревар во Премиер лигата за Манчестер Сити. Напаѓачот има најмногу голови во своите први 100 лигашки натпревари – 88, пред Алан Ширер (79), Руд ван Нистелрој (68) и Серхио Агуеро (64).


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата