„Онаму каде што јас сум тренер, приходите се зголемуваат, загубите се преполовуваат, а трофеите се освојуваат“, рече Симоне Инзаги, кога резултатите на теренот сè уште не го издигнаа на нивото на кое е денеска кај „нероаѕурите“, а некои нависистина мислеа дека тој и не е соодветен за клуб со толку големи амбиции како Интер.
Денес, речиси две и пол години по таа фамозна реченица, тренерот кој почна од Пјаченца и дојде до Милано, на Интер му донесе шест трофеи (едно Скудето, два Купа на Италија и три Суперкупа), но пред се го одведе тимот до финалето и до полуфиналето на Лигата на шампионите во три години.
Освен за трофеите, Инзаги беше во право и за приходите. Европските настапу на Интер ги носат приходите на клубот до нови височини. Впрочем, годинава, откако го мина Баерн Минхен во четвртфиналето, чекот што УЕФА ќе треба да му го испрати на Интер, без разлика дали европскиот пат ќе продолжи или не, веќе претставува рекордна бројка за „нероаѕурите“ – 113 милиони евра.