Имобиле се врати на Апенините и потпиша за Болоња

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Имобиле се врати на Апенините и потпиша за Болоња
фото: Bologna 1909 (X)

Чиро Имобиле и официјално е нов фудбалер на Болоња. Тој доаѓа во Италија како слободен играч, откако претходно стана јасно дека 35-годишниот напаѓач и Бешикташ го раскинале договорот со меѓусебна согласност.

Италијанецот помина една сезона во турскиот клуб.

Според новинарот Леонардо Босело, Имобиле потпишал договор со Болоња на 1+1 година. Голгетерот ќе заработува 1,8 милиони евра по сезона плус бонуси, а вкупната сума ќе биде повеќе од 2 милиони.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата