И официјално: Един Џеко во дресот на Фиорентина!

10.07.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
И официјално: Един Џеко во дресот на Фиорентина!

И официјално, и дефинитивно. Един Џеко се врати во Италија и во следната сезона ќе ги носи дресот на Фиорентина. Договорот е потпишан на една година со опција истиот да биде продолжен на уште една. Има информации дека Џеко во Фиорентина заедно со бонусите би требало да заработува околу два милиони евра годишно.

Многу сум среќен што се вратив во Италија и што ќе бидам дел од еден таков клуб каков што е Фиорентина. Успеав да го видам прекрасниот тренинг центар и се воодушевив. Еедвај чекам да почнам со тренинзи“ рече мега – ѕвездата од БиХ.

Како што е познато, неговото име долго се поврзуваше со Хајдук, ова лето имаше понуди од Болоња и Комо, но сепак се одлучи за клубот од Фиренца.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата