Пред неколку недели се појавија шпекулации дека УЕФА има намера во блиска иднина да им овозможи на руските клубови и репрезентацијата на таа земја, враќање на меѓународните натпреварувања кои се под нејзина “капа“ што се вели.
Сепак војната и натаму трае, руската агресија врз Украина и натаму трае со несмалена жештина а по се ова свој коментар има и претсдателот на Фудбалската асоцијација на Германија, Бернд Нојендорф:
“Дебатата за укинување на санкциите во моментов е непотребна. Ситуацијата прво мора да се суштински да се промени. А факт е дека ситуацијата што доведе до исклучување на руските клубови не е промената. Русија ја продолжува војната против Украина без прекин кршејќи го меѓународното право“ истакна првиот човек на германскиот фудбал.