Флик вовел строго правило: Фудбалерите знаат што им е забрането доколку го победат Реал!

18.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Флик вовел строго правило: Фудбалерите знаат што им е забрането доколку го победат Реал!
Фото: Барселона/Твитер

Барселона дава одлични резултати оваа сезона и неверојатно е каков пресврт успеа Ханси Флик да им донесе на Каталонците во својата прва сезона. Тие веќе го освоија шпанскиот Суперкуп, а овој тим е во игра за преостанатите три трофеи до крајот на оваа сезона.

Каталонците се први во Ла Лига со четири бода предност пред Реал, со кој на крајот на овој месец ќе играат во финалето на Купот на кралот, а успеаја да се пласираат и во полуфиналето на Лигата на шампионите, каде во двомеч ќе се сретнат со Интер.

Мундо Депортиво утринава објави дека Флик се обидува да ги задржи играчите максимално фокусирани до самиот крај на сезоната и одлучил да воведе уште едно правило кое најверојатно ќе важи за финалето на Копа дел Реј.

Пресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид ќе се одигра на 26 април во Севиља, а потоа Каталонците ги очекува двомеч во полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, како и ново Ел Класико во Ла Лига.

Во случај Барселона да го победи Реал Мадрид и да го освои Купот на Кралот, Флик јасно им порача на играчите дека е забрането претерано славење и дека по натпреварот ќе се одржува само заедничка вечера.

Германскиот тренер не сака прослави или паради доколку Барселона го освои ова натпреварување бидејќи сака играчите да бидат целосно фокусирани на првиот полуфинален натпревар против Интер кој го чека овој тим само четири дена подоцна.

Дополнително, Мундо Депортиво истакнува дека Флик побарал и мало реновирање на соблекувалната каде сака да вметне неколку фотографии со цитати од познати спортисти за на тој начин да ги мотивира своите играчи.

Барселона на 6-ти мај на „Џузепе Меаца“ ќе се соочи со Интер во реваншот, а само пет дена подоцна ќе одигра ново „Ел Класико“ во Ла Лига, што може многу да им ја олесни работата на патот кон освојување на шпанското првенство.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата