Поранешниот играч на Работнички, Фета Фетаи, од денеска е нов фудбалер на Ал-Шарјах од Обединетите Арапски Емирати. Младиот играч за врска пристигна во редовите на вицешампионот на ОАЕ на едногодишна позајмица од хрватскиот тим Локомотива Загреб.
Фетаи пред две години од Работнички замина во Локомотива за која одигра 55 меча.