Дрес на Коби Брајант продаден за НЕВЕРОЈАТНИ 7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

25. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дрес на Коби Брајант продаден за НЕВЕРОЈАТНИ 7 МИЛИОНИ ДОЛАРИ

Дресот што Коби Брајант го носеше во својата дебитантска сезона во Лос Анџелес Лејкерс е продаден за седум милиони долари. Продажбата се случила на аукција одржана вчера во Њујорк , објави денеска аукциската куќа „Сотби“.

Дресот е илустриран со фотографии од седум натпревари од неговата дебитантска сезона 1996-97, вклучувајќи го неговото деби во претсезоната на 16 октомври и дебито во регуларната сезона на 3 ноември 1996 година, како и неговиот ден за медиуми во НБА.

Со износот од седум милиони долари, овој дрес е четвртиот најскап продаден во историјата, зад дресовите на Бејб Рут (24 милиони долари), Мајкл Џордан (10,1 милион долари) и Диего Марадона (9,3 милиони долари).

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата