При крајот на деведесетите години од минатиот век, главни ѕвезди во Реал Мадрид беа Предраг Мијатовиќ и Давор Шукер. Со голот на Пеџа во 1998 година, по пауза од 32 години, Реал ја освои ЛШ. Во тие години Раул Гонзалез, кој подоцна стана икона на Реал, се пробиваше во светот на фудбалот.
И како што е обичај, дајцата Балканци си се штителе себе си и својот интегритет во клубот па не сакале баш Раул да им го заземе местото.
Ова го кажува после долги години Фабио Капело, кој тогаш беше тренер во Реал Мадрид.
“Се сеќавам дека Раул ми се пожали дека не добива топки од нив двајцата. Јас тоа им го сугерирав, но тие велеа дека тоа не е вистина. Кога навистина се уверив дека е така, им кажав дека ако продолжат на тој начин да го третираат Раул еден од нив ќе седне на клупата. Потоа се беше во ред“ посочи Капело.