Од денеска и официјално Динамо Загреб има нов стратег. Тоа е Марио Ковачевиќ, кој до вчера му беше тренер на Илија Несторовски во Славен Белупо.
Ова е мало изненадување ако се знае дека се очекуваше далеку попознато и пореномирано тренерска име да дојде во тимот на “модрите“.Сепак ова е одлука на Звонимир Бобан и ќе видиме во иднина дали ќе биде добра.
Како тренер, покрај Славен Белупо ги предводеше и тимовите на Вараждин, Меѓуморје, Полет…
Како што стојат засега работите, Ковачевиќ нема да има Македонци во тимот ако се знае дека Аријан Адеми и Стефан Ристовски нема да бидат дел од хрватскиот и балкански гигант во следната сезона.
ФОТО: ГНК Динамо Загреб/ФБ