Vreme.mk - Дознај на Време.

Спорт

Де ла Фуенте: „Сакаме да играме убаво, но ќе играме практично“

9 јули 2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Селекторот на шпанската репрезентација Луис де ла Фуенте ги сподели своите очекувања од натпреварот против Франција во полуфиналето на ЕП 2024. Мечот се игра вечерва од 21:00 часот.
Ова е фантастична можност. Направивме многу добра работа. Овој натпревар може да биде финале на ЕП, двете селекции се одлични. Ќе одлучуваат и најмалите детали. Ќе се обидеме да останеме верни на нашиот фудбал и на квалитетите кои ни овозможија да стигнеме до тука.

Убаво е да се гледа нашиот тим, но главната работа се победите, особено во такви фази. Сакаме да играме убаво, но ќе играме и практично бидејќи на крајот се е до исходот. Најважна е секогаш победата. Сакаме по секоја цена да бидеме во финалето, тоа ќе ме израдува. Го видов растот на овој тим и нивната посветеност. Ако продолжиме да работиме со истиот став, ќе имаме можност да постигнеме нешто важно.

Една од моите најголеми привилегии е да имам широк избор на играчи со многу различни сили: брзина, техника, сите различни искуства“, вели шпанскиот селектор.

Нашите играчи добро се одморија. Се разбира, има одредена вознемиреност, има стрес. Нашите играчи во одредени моменти ќе мора да се надминат физички. Франција е една од најатлетските селекции на ова ЕП, но ние знаеме како да играме со нив. Ќе се обидеме да ги искористиме нашите сили.
Јамал? На оваа возраст многу брзо учи нови работи. Тој треба да разбере дека кога противниците ќе го запознаат, ќе биде потешко да се игра.“, додаде Де ла Фуенте.


sportmedia.mk

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ