Слот: Утре ќе бидеме подобри од Тотенхем

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Слот: Утре ќе бидеме подобри од Тотенхем
ФОТО: Liverpool FC

Утре со почеток од 21:00 се игра реваншот од полуфиналето во Карабао купот на Англија помеѓу Ливерпул и Тотенхем. „Редси“ се домаќини на меч во кој ќе треба да ја анулираат негативата од првиот дуел во кој загубија со 1:0.

На денешната прес конференција пред мечот, менаџерот на Ливерпул, Арне Слот изјави дека нов кикс нема да се случи, и дека на овој меч нема да може да смета на Тренд Александер Арнолд.

„Трент ќе го пропушти натпреварот утре. Ќе треба да видиме дали ќе може да игра во недела, но засега знаеме дека не е достапен за утре. Тој со болки го напушти теренот на натпреварот против Борнмут. Тој веќе се врати на терен и работи со тренерот за рехабилитација. Ајде да видиме колку време е потребно. Веќе многу пати кажав дека имаме многу добар состав и пласманот во лигата покажува дека играчите ја заслужуваат довербата што ја имаме во нив. Немаме сериозни повреди во моментов, освен Трент. Алисон и Жота имаа одредени проблеми, но сега сите се во стројот. Така што немаше причина да се донесат други играчи освен ако немаше голема можност на пазарот . Засега сме задоволни со составот што го имаме. Се согласувам дека е малку невообичаено да имаш толку време помеѓу двата натпревари. Ако реваншот е една недела подоцна, тогаш ќе се соочите со речиси истите играчи. Со сите повреди што ги имаше Тотенхем во тоа време, тоа можеше да биде предност за нас, но сепак го загубивме првиот натпревар против оние играчи кои беа здрави. Сега ќе се соочиме со друг тим. Се прашувам дали Ван де Вен може да игра бидејќи има големо влијание врз нивната игра. Ова може да го промени квалитетот на тимот. Досега не можевме да победиме, па ќе биде тешко, но сигурно ќе бидеме подобри од минатиот пат“, изјави Слот кој додаде дека се уште не донел одлука дали утре ќе брани Алисон или Келехер.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата