Лацио не го пријави Пелегрини за пролетната полусезона

5.02.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лацио не го пријави Пелегрини за пролетната полусезона

По малку неочекувано, и изненадувачки за јавноста во Италија, тимот на Лацио не го свртсти левиот бек Лука Пелегрини за понатамошниот дел од сезоната.

Некогашниот италијански репрезентативец го нема на списокот на фудбалери, а јавноста се прашува зошто иако во составот има уште слободни места.

Од друга страна пак сега се присатни Тома Башиќ и Елсајед Хисај кој претходно не беа тука. Пелегрини кој всушност е позајмен играч од Јувентус, забележа сезонава 21. настап за тимот. Во последните неколку дена имаше шпекулации дека тој одбил позајмица во Комо, а и дека ќе биде исклучен поради дисциплински причини.Сепак, неговиот агент Енцо Раиола ги негираше овие тврдења.

„Ние само штотуку дознавме за исклучувањето на Пелегрини од списокот преку медиумите. Со оглед на тоа дека имало целосно измислени вести од некои медиуми, категорично ја отфрлам можноста одлуката да е донесена од дисциплински причини. Лука отсекогаш бил примерен професионалец и достапен за првиот тим. Неговото отсуство на гостувањето кај Каљари се должи на физички проблем со кој се здоби неколку дена пред да се објави тимот за мечот. Ќе бараме објаснување од клубот“, се вели во изјавата на Раиола.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата