Де Брујне ги спаси Белгијците од нов „кикс“, Македонија лидер во групата „Ј“

9.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Де Брујне ги спаси Белгијците од нов „кикс“, Македонија лидер во групата „Ј“

Во неверојатен меч со седум постигнати гола, Белгија успеа на домашен терен во Брисел да ја оствари првата победа во нашата квалификациска група победувајќи го Велс со 4:3. Натпреварот понуди големи возбудувања, по едно одлично прво полувреме за домашните и неверојатното враќање на островјаните во вторите 45 минути.

Белгија тргна моќно и успеа да дојде до висока предност од 3:0 за само 27 минути во првиот дел. Лукаку од пенал отвори, а потоа погодија и Тилеманс и Доку за убедлива предност на домашните. Пред крајот на полувремето гостите добија пенал и намалија на 3:1 преку Хари Вилсон.

Овој гол како да беше иницијална каписла кај Велс за фантастично враќање во вториот дел. Со головите на Томас и Џонсон, гостите израмнија на 3:3, по што Руди Гарсија и неговите момци тргнаа на се или ништо. напрви Лукаку погоди за водство, но голот беше понуштен од ВАР, а потоа во 88. минута Кевин де Брујне успеа да донесе голема радост на трибините со гол за 4:3.

Standings provided by Sofascore

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата