Барселона го доведува голманот на Еспањол

10.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Барселона го доведува голманот на Еспањол

Досегашниот голман на екипата на Еспањол и на младата репрезентација на Шпанија, Жоан Гарсиа е нов голман на екипата на Барселона. Гарсиа заминува во градскиот ривал откако двете управи се договорија тој да направи трансфер вреден 25 милиони евра. Младиот чувар на мрежата ќе потпише петгодишен договор.

Според медиумите се е подготвено тој да премине во Барселона, а официјализацијата ќе може да се случи најдоцна до следната недела.

Иако има 21. година тој веќе има преку педесет настапи за Еспањол и во Шпанија е сметан за еден од најперспективните млади голмани.

 

ФОТО JOAN GARCIA X


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата