Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29.
Ниту фанатичната атмосфера на трибините ниту инцидентите што ги направија грчките навивачи не ги исфрлија од ритам избраниците на Лазаров, кои одиграа меч за паметење и заслужено стигнаа до победата.
Првиот човек на клубот, Живко Мукаетов по мечот накратко изјави колку е горд на ракометарите на Алкалоид.
„Ми ја наполнивте душата на мене и на цела Македонија. Но, има и реванш да останеме смирени и да се радуваме уште повеќе следната недела“, изјави Мукаетов.