Инсајдерот Фабрицио Романо известува дека Тудор ќе потпише нов договор до јуни 2027 година. Комоли и директорот за фудбалска стратегија на тимот од Торино, Џорџо Киелини, имаат целосна доверба во Тудор.
Хрватскиот стратег го презеде Јуве во март оваа година. Под негово водство, тимот одигра 9 натпревари, во кои победи на пет, одигра три нерешени и загуби еден.