Челзи засилено преговара за Гарначо

12.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи засилено преговара за Гарначо

Челзи ги засили преговорите со Манчестер Јунајтед за потписот на Алехандро Гарначо.

Лондонскиот клуб во последните неколку дена ги интензивираше разговорите за 21-годишниот крилен напаѓач на Манчестер Јунајтед.

Аргентинецот сака да се пресели само во Челзи и веќе ги договорил условите на личниот договор со клубот.

Минатата сезона Гарначо постигна 6 гола и имаше 2 асистенции во 36 натпревари од Премиер лигата, но стана јасно дека Аморим на него нема да смета следната сезона.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата