Донарума потврди дека си оди од ПСЖ: „Разочаран сум и тажен!“

12.08.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Донарума потврди дека си оди од ПСЖ: „Разочаран сум и тажен!“
ФОТО: FC PSG/FB

Џиџи Донарума не е веќе член на ПСЖ. Откако Луис Енрике јавно кажа дека тој одлучил Италијанецот да не биде во записникот на мечот од Суперкупот против Тотенхем, се беше јасно. А тоа е дека заврши сагата и дека Донарума ќе си оди од Париз.

Сега прашање е дали во Манчестер Сити или Манчестер Јунајтед.

По се ова на своите социјални мрежи се огласи и италијанскиот голман, кој важи за најдобриот во светот:

Од првиот ден кога пристигнав, дадов сè на теренот и надвор од него за да го заработам моето место и да го бранам голот на Пари Сен Жермен. За жал, некој одлучи дека повеќе не можам да бидам дел од тимот и да придонесувам за успехот на тимот. Разочаран сум и тажен.
Се надевам дека ќе имам можност уште еднаш да ги погледнам навивачите на Паркот на принцовите во очи и да се збогувам како што треба. Ако тоа не е можно, сакам да знаете дека вашата поддршка и наклонетост ми значат сè и никогаш нема да го заборавам тоа. Секогаш ќе ги носам со себе спомените на сите емоции, магичните ноќи и вас, кои ме натераа да се чувствувам како дома.
До моите соиграчи, моето второ семејство, ви благодарам за секоја борба, секоја смеа, секој момент што го споделивме. Засекогаш ќе бидете мои браќа. Играњето за овој клуб и живеењето во овој град беше огромна чест. Ти благодарам, Париз“
напиша Донарума.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата