Чаби Алонсо и официјално е нов тренер на Реал Мадрид

26.05.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Чаби Алонсо и официјално е нов тренер на Реал Мадрид

Денеска е голем ден во Реал Мадрид. Се промовира нов тренер, во името на Чаби Алонсо, човекот кој што е одбран да го наследи Карло Анчелоти на клупата и да продолжи со успесите на клубот како на домашно така и на меѓународно ниво.

Чаби Алонсо е новиот тренер на Реал Мадрид. Досегашниот стратег на Баер Леверкузен има фантастични сезони зад себе во Германија, успеа од „Фармацевтите“ да направи сериозни резултати, па поканата од Мадрид, ама не изненади баш никого.

Освен тоа, тој во Реал остави сериозен впечаток како играч и нормално е да биде првиот избор во моментов.

„Се чувствувам како повторно да сум се родил денес“ – изјави на промоцијата пред новинарите Алонсо.

Тој има сериозна задача пред себе, мора најпрво да ги „фати конците“ во свои раце, да донесе засилувања, и да ја завладее соблекувалмата преполна со звезди и сериозно авторитети.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата