Никогаш ништо не е готово додека навистина е готово. Имено јасно е дека по завршување на сезоната Карло Анчелчоти нема веќе да биде тренер на Реал Мадрид. Посебно не по дебаклот и елиминацијата во 1/4 финалето во Лигата на Шампионите од Арсенал. Јасно е дека Реал сеуште е во игра за трофеите во Ла Лига и Копа дел Реј, но малку кој верува дека овој тим на Дон Карло има било каква шанси против страшната Барселона.
Токму затоа Чаби Алонсо се чека и тоа како се чека на “Сантијаго Бернабеу“.
Сепак, вчера дојде информацијата и тоа од Бразил, дека на Јирген Клоп, кој е актуелен глобален директор на Ред Бул за фудбалскиот сектор на оваа мега – компанија, му здодеала оваа работа и сака да се врати како тренер.
Познато е дека, барем засега, желбата да биде селектор на Германија е неостварлива, но затоа имало желба од страна на раководството на Фудбалската конфедерација на Бразил, токму тој да биде селектор на „Селекао“. Исто така се наведува дека во последните неколку дена Флорентино Перез, откако разбрал дека со не толку висока откупна клаузула би можел да го ангажира некогашниот стратег на Ливерпул, Дортмунд и Мајнц, веднаш почнал да прави планови за тоа како Клоп би можел да дојде на “Сантијаго Бернабеу“ уште во јуни.