Бетис го доби градското дерби против Севиља

30.03.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бетис го доби градското дерби против Севиља

Вечерва во Шпанија влавна тема беше градското дерби помеѓу екипите на Бетис и Севиља кое Бетис го доби со конечни 2:1.

Иако Севиља по само 17. минути игра на овој меч преку Варгас стигна до  водство, сепак, седум минути подоцна Џони Кардосо израмни на 1:1.

До кајот на првото полувреме веќе Бетис направи комплетен пресврт со голото на Чучо Хернандез, а неговите 2:1, подоцна се покажаа и како конечен резултат на овој меч.

Со оваа победа Бетис уште еднаш покажа дека има супер сезона со во моментов шестата позиција и 47. бода, додека пак Севиља е единаесетта со 36.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата