Еве зошто Модриќ го одбил лекарскиот преглед со Милан!

12.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Еве зошто Модриќ го одбил лекарскиот преглед со Милан!

Лука Модриќ и дефинитивно својата кариера во Милан. Легендата на светскиот фудбал, легендата на Реал Мадрид по цели 13 години мината на “Сантијаго Бернабеу“ не доби продолжување на договорот со “кралевите“ па го одбра Милано како своја нова дестинација.

Инаку вчера во Загреб требаше да бидат извршени лекарските прегледи врз Модриќ од страна на лекарскиот тим на Милан, такви беа најавите, но до тоа не дојде и тоа на барање на самиот Лука.

Имено Хрватот објаснил дека се додека тој е член на Реал Мадрид, од респект кон својот досегашен клуб, едноставно не е фер да прави лекарски прегледи со друг клуб.

Познато е дека Лука Модриќ ќе биде дел од “кралевите“ се до завршување на Светското клупско првенство, па дури потоа ќе се пресели во градот Милано, во Милан.

ФОТО: Реал Мадрид ФЦ/ФБ


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата