Баерн со победа над Штутгарт го освои купот и стави крај на успешната сезона

23.05.2026
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Баерн со победа над Штутгарт го освои купот и стави крај на успешната сезона

Фудбалерите на Баерн Минхен ја совладаа екипата на Штутгарт со 3:0 во финалниот натпревар од германскиот куп. Екипата на Венсан Компани со „двојна-круна“ стави крај на уште една успешна сезона во домашните натпреварувања.

Автор на трите гола на натпреварот беше неверојатниот Хари Кејн. Англискиот напаѓач ја тресеше мрежата на Штутгарт во 55-тата, 80-тата и 92-та минута од пенал.

Со оваа победа Баерн го обезбеди 21 куп-пехар во историјата и Хари Кејн се закити со наградата за најдобар стрелец во натпреварувањето.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата