Тимот на Атлетико Мадрид направи чекор наназад во обидот да го стигне лидерот Барселона во домашната Примера откако предмалку на гостувањето кај Еспањол одигра само 1:1.
Иако гостите преку Аспиликуета поведоа во 38. минута од мечот, сепак водството не го задржаа до самиот крај.
Домаќинот до пенал изедначи во 71. минута преку Пуадо, а потоа Атлетико веќе немаше сила, и концентрација за нов гол.
Со овој бод, Атлетико сега има 57. на своето конто, шест помалку од лидерот Барселона. Еспањол пак прави клучни чекори сезонава да се спаси од испаѓање освојувајќи го 29. бод.