Фудбалерите на Арсенал убедливо ја совладаа Астон Вила со 4:1 во вечерашниот натпревар од Премиер Лигата. Момците на Микел Артета покажаа победнички карактер и до врв ја наполнија мрежата на еден од директните ривали во борбата за првото место.
Иако доминираа, фудбалерите на Арсенал го постигнаа својот прв гол во 48-та минута преку Габриел. Четири минути подоцна Зубименди го зголеми водството на „топџиите“, а Тросар го постигна и третиот гол во 69-тата минута. Точка на натпреварот стави Габриел Жезус во 78-та минута. Почесниот погодок за гостите го постигна Оли Воткинс во 94-тата минута
Во вториот натпревар кој се одигра вечерва Манчестер Јунајтед неочекувано киксна и не успеа да ја совлада екипата на Вулверхемптон. Мечот заврши со резултат 1:1. Стрелци на головите беа Зиркзе во 27-та и Крејчи во 45-тата минута. Со ова реми „црвените ѓаволи“ останаа на 6-тото место на табелата, додека пак Вулвс се на последната позиција со само 3 бода.

