Бројките не лажат: Педро Нето е најдобриот фудбалер на Челзи оваа сезона

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројките не лажат: Педро Нето е најдобриот фудбалер на Челзи оваа сезона

Педро Нето е изненадувачки лидер на Челзи по број на голови во лигата (5) и асистенции (8). Во целата сезона 2024/25 во Премиер лигата, Нето постигна само четири гола, но годинава „експлодира“ и во првиот дел од сезоната, несомнено, е најдобриот фудбалер на „сините“ од Лондон.

Статистиката на Португалецот е импресивна, со оглед на улогите кои ги има во Челзи. Енцо Мареска, како што правеше и минатата сезона, го распоредува Нето на двете крилни позиции, па дури некогаш го гледаме и како лажна деветка. Педро е моментално најдобриот напаѓач, но неговата вештина се протега подалеку од само постигнување голови.

Нето е лидер на клубот не само по бројот на погодоци, туку и според односот на упатени удари во противничкиот гол и нивна реализација. Тој сезонава покажа дека е играч со врвни перформанси, затоа што често отвора и контранапади и почесто од кој било друг во Челзи, влегува во шеснаесетникот и знае со дриблинзи да создаде клучни шанси. Според многу аналитичари, Нето сезонава е главниот адут на Челзи во трката за место во Топ 4.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата