Челзи повторно „киксна“ дома, Евертон и Њукасл се враќаат со гостински победи

30.12.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Челзи повторно „киксна“ дома, Евертон и Њукасл се враќаат со гостински победи
фото: Premier League / Newcastle (X)

И трет натпревар едноподруго екипата на Челзи не успеа да слави во англиската Премиер лига. Вечерва на домашен терен, тимот на Енцо Мареска одигра нерешено 2.2 против тимот на Борнмут во еден од највозбудливите дуели.

Гостите тргнаа силно и веќе во 6′ успеаја да дојдат до 0:1 со голот на Брукс. Челзи брзо се врати во егал, откако Кол Палмер погоди од белата точка во 15′ за 1:1. „Сините“ само 8 минути подоцна со голот на Енцо Фернандез направија и комплетен пресврт за 2:1, но „црешите“ покажаа дека имаат одличен тим и со голот на Клајверт во 27′ повторно го вратија мечот во егал. До крајот ниту една од екипите не успеа да дојде до трет гол за евентуална победа.

Вредна гостинска победа вечерва извојуваа фудбалерите на Њукасл. На тешкото гостување кај Барнли, „страчките“ славеа со 1:3 и ја прекинаа серијата од три меча без победа. Гостите поведоа со голот на Жоелингтон 2′, додека Виса во 7′ веќе зголеми и на 0:2. Домашните се вратија во игра со голот на Лорен 23′, но во вториот дел не успеаја да дојдат до шанса за израмнување. Њукасл со голот на капитенот Бруно Гимараеш во втората минута од судиското продолжение ги постави конечните 1:3.

Евертон на Дејвид Мојес направи изненадување победувајќи на гостувањето кај Нотингем Форест со 0:2. „Карамелите“ вечерва одиграа одличен натпревар и со головите на Гарнер во 19′ и на Бери во 79′ успеаја да се вратат триумфално од ова гостување. За Евертон ова беше осма победа која го носи тимот во ТОП 8 на табелата.

Екипата на Вест Хем на домашен терен одигра само 2:2 против екипата на Брајтон.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата