Арда Туран е нов стратег на Шахтјор Доњецк

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Арда Туран е нов стратег на Шахтјор Доњецк

Некогашната голема турска фудбалска звезда, а сега тренер, Арда Туран е нов стратег на тимот на Шахтјор Доњецк.

Туран заедно со првиот оперативец на Шахтјор, Дарио Срна, утринава позираа заедно со дресот на клубот, објавувајќи ја соработката.

Туран е инаку 39. тренер во историајата на клубот, кој доминираше во извесен период во изминатите децении во шампионатот на Украина.

Туран има во моментов 38. години, и нема преголемо тренерско искуство. Досега го водеше само тимот на Ејупспорт во Турција.

 


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата