Буфон не дозволил Мурињо да стане нов селектор на Италија

20.06.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Буфон не дозволил Мурињо да стане нов селектор на Италија

Легендата на италијанскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон е причината поради која Жозе Мурињо не е селектор на италија, Како што објави весникот „Ла Република“, Италијанците биле многу блиску до назначување на Мурињо за нов селектор, пред да се одлучат за гатузо како конечно решение.

Имено, компанијата за спортска опрема „Адидас“, која е спонзор на италијанскиот тим, била подготвена да покрие дел од платата на Португалецот, кој е амбасадор на брендот. Сепак, Италијанската федерација би морала да плати значителна компензација на договорот на тренерот со Фенербахче, кој е во траење од уште една година.

Разгледувањето на Мурињо како кандидат за селектор на италија директно го прекинал директорот на репрезентацијата, Џанлуиџи Буфон. Буфон се спротивставил на неговото назначување бидејќи верувал дека „тимот најдобро ќе одговори со италијанска легенда“.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата