Аморим: Верував во чудо дури и при 4:2!

18.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Аморим: Верував во чудо дури и при 4:2!

Рубен Аморим, менаџерот на Манчестер Јунајтед го коментираше спектаклот виден во Лига Европа. Јунајтед направи чудо и го сврте резултатот на 2:4 во 114. минута од судиското продолжение против Лион.

Португалецот изјави дека и во најнепријатните моменти верувал во пласман во полуфинале.

“Водеа со 4-2, но чувствував дека се е можно. Овој момент може многу да им помогне на играчите во ваква сезона. Може да создаде врска помеѓу навивачите и играчите, да се обидат да ја заборават оваа лоша сезона на неколку минути. Чувството е добро, но мораме да продолжиме понатаму”, изјави Аморим по натпреварот.

Тој исто така изјави дека гледал документарен филм за пресвртот на Манчестер Јунајтед во финалето на Лигата на шампионите против Баерн во 1999 година.

„Повторно го гледав за да добијам инспирација за вакви моменти. Мислам дека затоа ни се допаѓа овој спорт толку многу. Целата фрустрација во ваква сезона, лошите моменти и потоа доаѓа ова, сето тоа вреди“.

Јунајтед во полуфиналето на Лига Европа ќе игра против Атлетик Билбао, додека другата двојка е Тотенхем и Боде Глимт.


sportmedia.mk

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата