Vreme.mk - Дознај на Време.

Профил

АЛМАКОС (Репринт)

5 октомври 2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Slika

Репринт, колумна обајвена на 24.о6.2007  https://vecer.mk/makedonija/almakos/

Исмет Рамадани, долгогодишен пратеник и функционер на ПДП, ја обнови јавно политичката иницијатива за АЛМАКОС.Федерација на Албанија, Македонија и Косово.Откако Косово ќе стане независно, секако.

Исмет Рамадани не е било кој. Тој е исписник на златната генерација на ПДП, од раните деведесетти. Кога партијата ја водеше Невзет Халили од Порој, кога генералниот секретар на партијата Митхат Емини ја вооружуваше и создаваше УЧК. Да, пријатељи, да се потсетиме дека УЧК не е создадена на Косово, туку во 1992 година, во Македонија.

Митхат Емини не ја одлежа пресудената робија. Глигоров му даде помилување, и човекот излезе на слобода.

Во исто време со Рамадани, од македонска страна Љубчо Георгиевски ја обнови политичката идеја: поделба на Македонија – или влегување во федерација со Албанија! Трето нема.
Мора така, затоа што без Македонија АЛМАКОС би бил – АЛКОС.
Или има. Колку пати од бугарски политичари, само последниве година до две, имаме изјави дека сме нивни, дека не постоиме, а реакцијата е млитава. Одбрана нема.
Се пипа, а истовремено и се создава расположението.
Со поделената Македонија, според Љубчо, делот што ќе се спаси од необалистите, би отишол каде – ако не кон Бугарија.

Претопувањето на Македонија кон Бугарија, во контекст на се уште свежите сеќавања како поминаа Србите, Турците, Ромите, Горанците… на Косово, е далеку подобра варијанта.
Добра не е, но од претходната би била поприфатлива ако некој не донесе до точката да избираме: дал малцинство меѓу шест милиони Албанци во АЛМАКОС, или, пак, под бугарска окупација.

Како за змијата и магарето.
На магарешки некој и се навикнал, ама од змиски отров никој не куртулил.
Ај, може ќе се најдат некој нови Лазо и Ченто од окупацијата да не спасат, си мисли човек.
Другата варијанта, според веќе виденото, значи потполно етничко чистење и раселување кој каде стигне.

За разлика од Србите што ги изгонија од Косово, ние немаме каде да одиме. Или имаме. Љубчо веќе ни кажа.

Во исто време со претходно наведеното, излегува информацијата дека Германската разузнавачка служба БНД документирала дека предлагачот за независно Косово, Марти Ахтисари, примил 40 милиони евра од албанската мафија за да изготви извештај пред ООН- база за независноста на Косово.

Зошто токму Германците го урнисаа Ахтисари. Германија има вековна политика за излез на исток. Русија е главен партнер на денешна Германија, пред се затоа што е најголем извор на гас и нафта врз кој Германија, со паметна соработка, би можела да има влијание.
Се друго веќе држат Американците.

А Русија е против едностраното признавање на независно Косово. И требаат нови аргументи во таа политичка борба. Германија и БНД им ги дадоа, странично, аргументите на тацна.
Наполно балкански аргументи. Ахтисари земал пари.
Ништо ново. И првиот управител на Косово после влезот на НАТО, сегашниот француски министер за надворешни работи Кушнер, беше сменет од функцијата токму поради сомневањата дека земал пари од косовската наркомафија! Зар, некој се сомневаше дека е поинаку.
Ако Буш се сомневал откако, пред сето обезбедување, косоварите и пред тв камери му го украдоа саатот, понатаму нема веќе сомневање.

Во исто време ДУИ, со Буџаку и Муса Џафери, одат во Грција да преговарале за името. Сметаат дека без нив тоа прашање не може да се решава.
Нормално, тое е прашање на федералната единка во АЛМАКОС.
Ептен во исто време, од самиотот на ЕУ, преку нам добро познатиот Карл Билд, ни порачаа: Хрватска ќе влезе во Унијат сама, Македонија не. Ќе чека на Србија. А Србија ќе чека да се реши Косово. А Косово ќе чека да се создадат услови, однатре, за близок сојуз со Македонија.

За унија. За АЛМАКОС!

Што и да биде, едно ќе се памти. Во последниве педесет години само Косовари, вежбани во кампови низ Албанија, пукале врз Македонци. Никој друг.
А, патем, дали е случајно што бугарска фирма купи кабелски ТВ оператори во Скопје, и сега гледаме странски филмови титлувани на бугарски!
Советот за Радиодифузија е во мојата зграда, само по тоа знам дека постои. Бугарскиот им е мајчин јазик.

Пишува: Драган П. ЛАТАС

© Сите права на објавата се на Vreme.mk

ПРОФИЛ