„ЦАРОТ“ така Кешишев го запишал Палчо во својот телефон

2. 04. 2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кешишев за убиството на Вања: ПАЛЧО ДРЖЕШЕ ПИШТОЛ, ПОТОА СЛУШНАВ ИСТРЕЛ, гледав да не ниуде никој

На денешното рочиште на судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведочеше обвинетиот Влатко Кешишев кој одговараше најпрво на прашања на својот адвокат, а потоа и на прашања на обвинителството. Кешишев рече дека му бил послушен на Палчо, а во својот исказ кажа и дека никогаш не се зборувало за убиства, туку само за грабнување.

Рече оти не знаел дека Панче бил убиен, а не знаел ни за Вања, иако видел како Палчо држи пиштол и пука. За Вања, вели, дознал кога се вратиле во партија и кога отворил социјални мрежи кога видел дека се трага по девојче од таа зграда, но Палчо ништо не му одговорил.

Кешишев откри и дека во неговиот мобилен телефон, Палчо му бил мемориран како „Царот“.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата