Несреќата се случила на 3-тиот километар од националниот пат Евзони - Поликастро, во регионот на Кукуш, објавува Прототема, пренесе Б92.
Според соопштението од локалната полиција, несреќата се случила околу 4:25 часот наутро, кога две патнички возила директно се судриле.
Во несреќата загинала 63-годишна жена која управувала со едното од возилата, додека 34-годишниот возач на другото возило се здобил со полесни повреди и е пренесен во болницата во Кукуш.
Четири други лица, патници од двете возила, се пренесени во истата болница со полесни повреди.
Според соопштението на полицијата, меѓу повредените се 27-годишен маж и две 18-годишни момчиња кои биле во другиот автомобил, како и 60-годишна жена, патничка во возилото на починатата жена.
Полицијата започнала истрага за причините и околностите на несреќата.
Сообраќајна несреќа во близина на Солун
Пет лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Пате, во близина на Ватилакос во близина на Солун, при што е затворен дел од патот кон преминот Евзони. Според неофицијални податоци, едно од возилата имало српски регистерски таблички.
Сообраќајната несреќа, според извештаите, се случила околу 11 часот по локално време и во неа учествувале две возила, а тешко повреденото лице било извлечено од автомобилот од пожарникари и однесено во болницата Ахепа, јавува новинската агенција Амна.
Несреќата предизвикала сообраќаен метеж и прекин на сообраќајот до 13 часот по локално време.