Туристите кои уживале во пливање почнале да трчаат од страв кога ова животно им се приближило во водата.
Видеото од инцидентот брзо стана вирално, објави Прототема.
Видеото, објавено од девојка која се потпишува како Алекс Јевтиќ, ги прикажува девојките како френетично пливаат додека дивата свиња се приближува.
@aleks_jevtic She was cute from the distance 😭@grace ray @Allegra 🎀 ♬ Carmen Habanera, classical opera(1283412) - perfectpanda
Не е познато што се случило со дивата свиња, но засега нема вести дека повредила некого.
Доколку дива свиња се појави во морето, експертите советуваат да останете смирени и никогаш да не ѝ се приближувате.
Полека оддалечете се кон брегот без ненадејни движења и не ја вознемирувајте. Следете го нејзиното однесување и доколку покаже агресија, оддалечете се што е можно поскоро.
Исто така, известете ги надлежните служби доколку дивите свињи често се појавуваат во таа област.