Вучевиќ: На митингот ќе се дефинираат барања да се сочува државата

11.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вучевиќ: На митингот ќе се дефинираат барања да се сочува државата

„На централниот настан ќе се дефинираат барањата да се одблокираме од сите блокади, насилства, навреди, да престанеме со лагите и триковите со кои бевме бомбардирани пет и пол месеци наводно поради трагедијата на железничката станица во Нови Сад и сите сме свесни дека тоа нема никаква врска со тоа, туку е чисто посочена политичка конотација“.

Тој нагласи дека барањата се учениците да се вратат во училиштата, наставниците во училниците, студентите во амфитеатрите, земјоделците на полињата, армијата да ја заштити државата, полицијата да го штити јавниот ред и мирот, да одговараат оние што извршиле криминални дела без разлика од која страна се, да престанат блокадите и да престане насилството што го спречува различното мислење.

„Барањето е Србија да се врати во ред, да ја зачува државата, тоа е клучниот повик за митингот наречен „Не ја даваме Србија““, рече Вучевиќ.

Тој ги повика сите граѓани да присуствуваат на собирот, наведувајќи дека тоа нема да биде класичен митинг. /МИА

Фото: ЕПА

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата