Хаос во Атина: 72 уапсени во насилните протести, гореа автомобили, има повредени (ВИДЕО)

13.04.2025
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Хаос во Атина: 72 уапсени во насилните протести, гореа автомобили, има повредени (ВИДЕО)

Судирите во населбата во Атина траеле околу еден час и започнале откако група непознати лица наводно ја нападнале полицијата со молотови коктели и камења, по што полицијата одговорила со фрлање шок бомби, јави Прототема.

Според информации, полицијата уапсила 72 лица. Грчките медиуми јавуваат и дека е повреден еден полицаец.

Пожарникарите интервенирале откако избувнале пожари во автомобили и контејнери за отпадоци, објави Катимерини.

© vreme.mk, правата за текстот се на редакцијата